Радио Милева

Цела бременост го криеше трудничкиот стомак, а сега откако се породи Лора Турунџиева на сите им покажа каква трудница беше (фото)

Цела бременост го криеше трудничкиот стомак, а сега откако се породи Лора Турунџиева на сите им покажа каква трудница беше (фото)

На 7-ми март, пред нешто повеќе од две недели, ќерката на Сузана Турунџиева стана мајка за првпат, а познатата Сузе стана млада баба. Лора (19) веднаш по матурата реши да заплови  во брачните води со својот избраник Филип Наунов и му кажа „да“, а нешто подоцна открија дека чекаат и бебе.

Сепак, бременоста на Лора како да беше во тајност, а тогаш младата мајка не практикуваше да објавува фотографии од трудничкиот стомак на социјалните мрежи, иако во медиумите на големо се пишуваше за тоа дека наскоро ќе бидат во проширен состав.

фото:фејсбук/лоратурунџиева наунов

Сега, откако на свет го донесе својот наследник кој го доби името Јаков, новопечените мама и тато решија да објават фотографии од деновите додека нивниот плод на љубовта беше во стомакот на Лора.

фото:фејсбук/лоратурунџиева наунов

Тие на социјалните мрежи објавија неколку фотографии на кои таа го држи својот стомак, но и таква каде е во прегратка на сопругот, за последна да биде онаа каде Јаков е веќе во нивните прегратки, а над него се радува и баба.

фото:фејсбук/лоратурунџиева наунов

Инаку, Сузана за медиумите откри дека Лора по 20 часа породилни болки, морала да се породи со царски рез, но очигледно дека љубовта кон синчето ја прави силна и ја исполнува секоја нејзина клетка со мајчинска љубов, па операцијата веќе е заборав.

 

To top