Радио Милева папарацо лов

Цел тим луѓе се грижи за внучето на Брена: Еве кој и го чува детето на Прија (ВИДЕО)

Цел тим луѓе се грижи за внучето на Брена: Еве кој и го чува детето на Прија (ВИДЕО)

Александра Пријовиќ – Прија живее во луксузен дом на Бежаниска Коса во Белград, каде што во текот на овие месеци среде пандемијата таа ужива во мир со нејзиното семејство, сопругот Филип Живоиновиќ и синот Александар.

Она што е најинтересно за јавноста е тоа што на пејачката не и недостасува живот на висока нога, дури и сега кога нема многу обврски поради откажаните настапи. Камерите на популарното ТВ шоу „Папарацо лов“ ја фатија пејачката како ја напушта куќата со нејзиниот син, во сосема обично издание, а неа ја следеа две дадилки и возач.

Додека Филип беше снимен како извршува семејни обврски и се враќа од шопинг, Александра реши да го извади својот наследник надвор, малку да се забавува.

Без шминка, високи потпетици и со едноставна фризура, Прија отиде во игротека со малиот Александар. Камерите забележале дека нејзиниот син прво бил анимиран од возачот, а потоа и од една од дадилките.

Пејачката некое време остана во игротека, а потоа излезе неколку пати да телефонира и да запали цигара.

Кога беше време да си оди дома, дојде Филип да ги земе и сите заедно се вратија дома.

За цело време, познатата двојка се грижеше да се заштити од коронавирусот, па на лицето носеа маски.

https://www.youtube.com/watch?v=Yj0o4LTxEMA

To top