Фановите на познатиот клан Кардашијан-Џенер останаа шокирани кога ТМЗ објави дека Клои Кардашијан чека второ дете преку сурогат со нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон. Имено, Томпсон повторно ја изневерил Клои додека биле во врска, па дури и станал татко со една од своите љубовници.
Турбулентната врска на овој пар трае од 2016 година, а во тој период неколку пати раскинуваа и се смируваа. Тристан и Клои Кардашијан ја имаат четиригодишната ќерка Тру, а покрај неа, кошаркарот има уште два сина – петгодишниот Принс, кој го имаше со манекенката Џордан Крег и шестмесечниот Тео, со фитнес моделот Марали Николс.
Клои и Томпсон најпрво и дадоа до знаење на јавноста дека биле на заеднички одмор во Мексико во 2016 година. Во септември 2017 година беше откриено дека Клои го чека своето прво дете со славниот кошаркар. Само неколку дена пред да ја роди ќерката Тру, медиумите објавија фотографии и видео од Тристан како се бакнува со друга жена.
По тој инцидент, тој во неколку наврати бил виден како влегува во хотелска соба на друга жена. По породувањето, на кое присуствуваше кошаркарот, Клои реши да му прости за неверството, а јавноста ја известија дека нема да раскинат и дека заедно ќе го одгледуваат детето.
Сепак, последната капка беше кога Тристан ја изневери Клои во февруари 2019 година со Џордин Вудс, најдобрата пријателка на нејзината сестра во тоа време, Кајли Џенер. Таа го остави, но тие накратко се помирија повторно во 2020 година за време на пандемијата на коронавирус.
Тие подоцна открија дека планираат да одат на ИВФ со надеж дека ќе имаат уште едно дете, но потоа раскинаа повторно во јуни 2021 година, откако беше виден како влегува во спалната соба со три жени на неговата роденденска забава.
Последниот пресврт во нивната романса се случи вчера, на 13 јули, кога ТМЗ објави дека Клои Кардашијан го чека своето второ дете со Тристан. Сурогат мајката треба да го роди детето за неколку дена. Оваа информација ја потврди и Клои.
Обожавателите беа изненадени од оваа вест, па и напишаа: “Тажна сум поради неа“, „ Очигледно не ја научиле на самопочит“, „Целосно разбирам зошто толку се трудеше да го задржи семејството заедно, но ова е толку тажно“, „Нема поголема будала од вљубена будала“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/khloekardashian/Профимедиа