Македонската водителка Цеце Трајковска Тодосовска која публиката ја памети по Утринската програма на ТВ Телма, неодамна се породи.
Таа и нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски добија син за кој го одбраа името Бодан. Радосните вести на социјалните мрежи тогаш ги сподели гордиот и среќен татко.
„ Знам дека и двајцата ќе го дадеме нашиот максимум да бидеме посветени родители“, изјави водителката во една прилика.
За разлика, од многу други познати јавни личности, Цеце не чекаше многу да ја објави првата фотографија со наследникот.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“, водителката објави од синчето како го држи во прегратки, а не го покажа неговото лиценце.
Веруваме дека секој момент и е исполнет со љубов, среќа и радост и дека ужива во првите денови од мајчинството.
Потсетуваме, Цеце и Стојанче во 2018 година запливаа во брачните води.