Светлана Цеца Ражнатовиќ на социјалните мрежи објави емотивно видео со нејзиниот внук Жељко. На видеото се гледа како малечкиот заспива во прегратките на пејачката и ја испушта цуцлата од уста, а баба Цеца цело време се смее и внимателно го снима секој момент.
Инстаграмот на Цеца сега е полн со фотографии и видеа со малиот Жељко, па може да се види дека пејачката живее за секој слободен момент во кој може да си поигра со внукот, која ја има ретката можност да биде можеби единствениот кој може да си дозволи „на гради да и спие“ на Цеца.
Да потсетиме, неодамна ќерка и Анастасија објави снимка на која може да се слушне разговорот на Цеца со син и Вељко Ражнатовиќ, каде таа му вели дека не е баба на малиот Жељко.
„Јас не сум неговата баба! Ќе ме вика Светлана, како што ме викаш ти“, нагласи пејачката и сите ги изнасмеа.
Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic