Големиот број православни верниици во Србија ги преплавија црквите и храмовите каде се причествуваа и покрај загрижувачката епидемиолошка состојба во земјата со корона вирусот.
Во храмот „Света Сава“ во Белград, точно на полноќ, фотографите ја регистрираа и популарната српска пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца.
Таа се’ направила како што налагаат здравствените протоколи, носела маска и држела дистанца, но се причестила со истата лажичка, токму како што тоа го сториле и огромниот број верници.