Главна вест во српските медиуми, а и оние од регионот е тоа дека семејството Ражнатовиќ е вознемирено откако непознати лица со автомобил удриле во влезната порта од нивниот дом.
Имено, непознати лица со два автомобили од марката „Мини Купер“ и еден караван ја нападнале куќата на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во утринските часови во текот на вчерашниот ден.
Според српските медиуми тие со возилата ја удирале капијата на пејачката, а потоа побегнале во непознат правец.
Според сознанијата напаѓачите возеле „Мини Купер“ и еден караван со кои налетале право во куќата на Цеца.
-Очекувам апсење во текот на денот, полицијата ги има снимките, ова е намерен вандалски напад во приватен имот, изјави Цеца за српски Телеграф.
ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС/instagram