Радио Милева ги почести следбениците пред празниците

Цеца во библиотека со аутфит како за во дискотека ја „разгоре“ фантазијата на сите читатели (фото)

Цеца во библиотека со аутфит како за во дискотека ја „разгоре“ фантазијата на сите читатели (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пред празниците ги почести следбениците, со елегантна комбинација, а со своето издание ги „фрли“ сите во транс.

Цеца многу се грижи за својот изглед, и на најдобар начин го истакнува секој аутфит, па така беше и овој пат.

Имено, таа сега избра тесни проѕирни панталони, посипани со кристали, кои ги истакнаа извајаните нозе на пејачката,а дополнително носеше и сако во истата боја.

Позирајќи во библиотеката, таа ја „разгоре“ фантазијата на многу луѓе, па со оглед на тоа дека под јакната имала само градник, потценување е да се каже дека мажите имале проблем да го насочат погледот само во еден правец.

Инаку, Цеца неодамна ја коментираше кариерата на нејзината ќерка Анастасија, која моментално е една од најпопуларните пејачки од помладата генерација.

– Анастасија одлично пее народна музика, но е ориентирана кон поп. На Анастасија не и е лесно. Има успешна мајка и нормално дека ќе ја споредува. И кажав дека ти си Анастасија Ражнатовиќ не Цеца и треба да си го изградиш својот пат –  изјави фолк ѕвездата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

To top