Вељко и Богдана Ражнатовиќ станаа родители, а фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ стана баба.
Како што пишува ало.рс, Богдана се породила утринава во 10 часот на една приватна клиника во Белград.
Бебето е тешко 3 360 кг, долго 53 центиметри.
Породувањето било со помош на царски рез, а ја породил докторот кој ја породи и Цеца, доктор Миленко Пророчиќ.
Вељко присуствувал на породувањето и заедно со својата сопруга го чекале наследникот.
За потсетување, претходната година во ноември Вељко и Богдана запливаа во брачните води.