Откако пред неколку месеци беше откриена врската на Цеца со Богдан Срејовиќ, пејачката пејачката е постојано во фокусот на интерес на медиумите кој го следат секој нејзин чекор.
Цеца до душа и претходно редовно ги известуваше своите следбеници на социјалните мрежи за најинтересните настани од нприватниот живот, но и споделуваше цитати и мисли кои секогаш привлекуваат големо внимание.
Денес не е поинаку, па така на Инстаграм профилот на Ражнатовиќ се најде интересен цитат. Имено, Цеца сподели фотографија на која во позадина се гледаат безброј купчиња долари, а преку неа е напишан следниот текст:
„Понекогаш сакам само некој да ме гушне и да ми рече: Знам дека е тешко, сè ќе биде добро. Еве ти чоколада и 6 милиони долари“ – стои на фотографијата додека Цеца додала емотикони со подигнат палец и еден што плаче од смеа, што алудира на тоа дека пејачката се согласува со напишаното. Вистинското прашање е зошто?
На пејачката барем сега љубов не и недостасува… Можеби само дебели пари, откако не пее заради коронапандемијата? А кога Цеца пее, познато е дека не заработува баш малку!