Цеца, најпосакуваната балканска и регионална фолк пејачка… сон на милиони мажи, а само тој во нејзините прегратки. Па уште и го моли за насмевка и бакнеж, а таа само него вака страсно го бакнува.
Ама, немојте да се возбудувате предвреме, зашто во прашање е само мало детенце. Фамилија… Илија! Внучето на фолк дивата. А него Цеца го сака најмногу… Така, како што само тетка може да сака.
Затоа се такви и коментарите под споделеното видео на пејачката на Инстаграм, на кое таа ја споделува и својата теткинска љубов со малиот.
„Токму на Вељко личи, што мислите?“, „Тетка најмногу се сака“, „Илија секоја ти чест… И ние ја бакнуваме тетка ти“… се само некои од објавените коментари!
Ех бре Илија среќнику, па кој не би сакал вака да го бакнува тетка ти!