Радио Милева секој има свој пат

Цеца Ражнатовиќ ги советувала Анастасија и Вељко никогаш да не се споредуваат со неа и со покојниот Жељко (фото)

Цеца Ражнатовиќ ги советувала Анастасија и Вељко никогаш да не се споредуваат со неа и со покојниот Жељко (фото)

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ вели дека ги советувала Анастасија и Вељко никогаш да не се споредуваат со неа и со покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан.

– Анастасија е пејачка како мене, а Вељко е спортист, како неговиот татко. Не им е лесно, бидејќи ги споредуваат со нас. Тоа е нормално, но не смее да им биде товар. И реков на Таса: „Ти си Анастасија, не Цеца, изгради си свој пат“. Истото му го кажав и на мојот син: „Ти не си Жељко, ти си Вељко“ – вели најголемата балканска ѕвезда, која на прашањето како Анастасија се снашла на сцената одговорила:

– Има голема трема! Ми предизвика многу голема напнатост пред нејзиниот прв настап во Париз. Ме праша што да прави доколку и се заглави петицата на сцената?! И реков да се смири и да се опушти.

Фото:Принтскрин/Горан Срданов

To top