Пејачката Цеца Ражнатовиќ се појави вчера рано утрово во белградската палата на правдата, придружувана од нејзиниот адвокат на закажаното рочиште.
И покрај тоа што беше во добро расположение, она што се пишува во српските медиуми, е дека имала опуштен разговор со својот адвокат додека оделе кон Палатата на правдата, таа не сакала да дава изјави на собраните новинари, ниту пак да открие поради која причина овој пат излезе на суд.
Наводно, Ражнатовиќ е во расправија со сосед, на чија тужба мораше да одговори на судскиот повик и да дојде на расправа, сето тоа заради паркинг место покрај нејзината вила во Љутице Богдана, за што е поднесена тужба.
После помалку од еден час, Цеца и нејзиниот адвокат ја напуштија судницата и заминале до нејзината вила во Дедиње.
Спорот за паркинг местото е настанат бидејќи соседот се жали дека Цеца му го земала.