Светлана Цеца Ражнатовиќ е во вилата на Дедиње, каде деновите ги поминува во изолација. како голем верник фолк дивата пости за секој голем пост, па така и за Велигден.
Цеца на Инстаграм покажа што јаде за време на постот додека е во карантин. Нејзината чинија содржи пита со печурки, како и многу здрав пијалок – свежо исцеден сок од домати.
Од првиот ден по воведувањето вонредна состојба во Србија поради пандемија со коронавирусот, децата се разделија од пејачката, па Вељко и неговата бремена сопруга го напуштија Белград и отидоа кај нејзините во Тител, додека Анастасија во Нови Сад со своето момче. Сепак, Цеца не е осамена во вилата, каде друштво и прави сестра и Лидија, заедно со нејзините деца и сопруг.