Радио Милева огромна сума

Цеца почна да наплаќа по песна: За 30 минути на свадба, „српска мајка“ заработи 30.000 евра или по 3.000 евра за секоја испеана песна

Цеца почна да наплаќа по песна: За 30 минути на свадба, „српска мајка“ заработи 30.000 евра или по 3.000 евра за секоја испеана песна

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ неодамна настапи на свадба како специјална гостинка, а цената на нејзиниот хонорар за само половина час пеење наводно изнесувала дури 30.000 евра.

-Кога младенците ја повикале да биде специјална гостинка, нејзиниот тим договорил Светлана да биде на свадбата половина час, а цената за тој настап е 30.000 евра, пишуваат српските медиуми.

Бидејќи една песна во просек трае три минути, Ражнатовиќ можела да отпее најмногу десет песни, па според таа пресметка овој брачен пар платил 3.000 евра за секоја една песна што го испеала Цеца.

Кога се појавила во свечената сала, каде била организирана свадбената веселба, присутните гости скокнале од столчињата и се собрале околу пејачката.

To top