Радио Милева нека „иде“ живот...

Цеца отвори душа: „За ништо не се каам во животот, знам каде сум грешела и се трудам такви грешки веќе да не правам“

Цеца отвори душа: „За ништо не се каам во животот, знам каде сум грешела и се трудам такви грешки  веќе да не правам“

Популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ зборуваше за теми за кои ретко зборува во јавноста. Фолк sвездата зборуваше за грижатаза себе и семејството, диетите, стареењето, менопаузата, психотерапијата, како се чувствува како баба, какви се нејзините односи со снаата Богдана, како односот со момчето Богдан Срејовиќ кој и го подобрил животот.

„Темпото на живот што го водиме ние пејачите е многу различно од она на луѓето кои работат во други професии. Ми се случува последниве месеци кога ќе се вратам дома од концерт, веќе да е пет часот наутро, така што ми треба многу сон. Утрото ми важно, постојат правила што ги почитувам со години, тоа е таа утринска рутина, кога се миете, ја хидрирате кожата, а потоа може да започне појадокот, утринското кафе и денот“ – рече Цеца.

Стареењето, исто така, носи со себе и неизбежна менопауза. Покрај физичките промени, многу жени во овој период се борат и со ментални проблеми и депресија.

„Засега не размислувам за менопауза. Што се однесува до психата, мислам дека разговорот со психотерапевт не е кошмар. Тоа се професионалци кои преку разговор можат да ни дадат храброст да се чувствуваме подобро и да прават добри работи за нас. Животот ме одведе од во проблем во проблем, но некако секогаш успевав да го најдам најдоброто можно решение за себе. Во сето тоа, имав поддршка од пријателите, а особено од моето семејство“ – раскажува фолк дивата.

Нејзината тежина не осцилира многу со возраста, едвај некој килограм горе – долу. Таа вели дека до неодамна била на диета, но дека сега малку се опуштила.

„До неодамна бев на режим, но во моментов тоа е фаза кога, токму поради тоа темпо на живот, не стигнувам да јадам навреме и слободно можам да кажам дека малку се опуштив. Ми се допаѓа, но мислам дека брзо ќе  „пресечам“ и ќе продолжам да гледам што внесувам во телото“ – категорична е пејачката.

Иако милиони ја обожуваат, таа вели дека може да смета на прстите на едната рака на луѓето на кои може да се потпре среде ден или ноќ. Никогаш не жали за ништо, бидејќи, како што вели, нема за што да се покае.

„Работите што поминале не можат да се променат. Се сеќавам каде направив грешки и се обидувам повеќе да не ги правам истите. Засега добро ми оди“ – резимира низ насмевка Цеца.

Фото: Србија данас/ Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic

To top