Цеца Ражнатовиќ проговори за враќањето на нејзината ќерка Анастасија во вилата на Дедиње по неколкумесечно живеење со своето момче Ѓорѓе Куљиќ.
Како што вели – нејзината куќа секогаш ќе биде и на Анастасија, а каде може да биде поубаво од кај мама?
“Анастасија не се врати дома, бидејќи таа и не замина засекогаш, таа вест беше пренапумпана. Мојата куќа е засекогаш и нејзин дом”, рече Цеца, додавајќи:
„Каде и да е Анастасија, на кој било крај на светот, таа има своја куќа. Секако, таа е назад кај мајка си, бидејќи нема подобро од кај мама“-завршува Цеца ставајќи точка околу приказните за селидбата на Анастасија и заедничкиот живот со момчето.