Како се чувствува Анастасија, на која ненадејно и се слошило пред последниот настап кој беше заради тоа откажан, откри и нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Имено, за време на викендот во попладневните часови младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ пристигнала во придружба на нејзиниот осумчлен тим и се ветувало дека вечерта ќе биде одлична, како пред десетина дена во Париз кога се одржа првиот настап на Анастасија. Но, наеднаш се тргнало наопак, по што се појавија безброј шпекулации во јавноста зошто Анастасија го откажала настапот во „5 до 12“! Најбрутална беше „крвната непријателка“ на нејзината мајка Цеца, „белградската мала од скандала“, Јелена Крлеуша која ја обвини Анастасија дека лошењето всушност било лажен изговор, зашто за настапот продала едвај 30-ина влезници, па морала да го откаже!
Сепак Цеца одговори на прашањето како сега се чувствува Анастасија:
„Па, сега таа е добро. И се слошило зашто таа не јаде. Веќе ја критикував, но тоа е проблемот на младите жени. Многу тренира, работи со танчерите и заборава да јаде… И’ паднал притисокот и тоа се случува“ – додала Цеца.
фото: Јутјуб/zvezdegranda/Инстаграм принтскрин/raznatovicanastasija