Цеца Ражнатовиќ во интервју за република.рс откри кого ќе бакне на полноќ во новогодишната ноќ, па и откри која е нејзината најголема загуба и добивка во 2021 година.
-Годината беше специфична, се уште не оздравевме од пандемијата. Иако некако сè се враќа во нормала, некако тоа оди многу споро. Оваа година имаше многу убави работи, времето со мојот внук Жељко, мојот партнер, семејството и бројни спомени…Најголема загуба е жената која заедно со мене ја создаваше мојата кариера, а тоа е Марина Туцаковиќ. Имам огромна болка и празнина во моето срце поради нејзиното заминување. Верував дека ќе ја добие битката, но за жал болеста е посилна“, изјави Цеца.
Ражнатовиќ откри кои се нејзините желби за следната 2022 година.
-Посебна желба ми е конечно да направим албум. После тоа сакам да направам концерт на Ушче. Приватно, сите луѓе кои ги сакам да бидат добро и да немаат никакви проблеми кои ќе ги мачат.
Пејачката откри и кој ќе бакне во полноќ на новогодишната ноќ.
-Сите луѓе со кои ќе ја дочекам новата година. Минатата година со 10 луѓе ја дочекав Новата година и преубаво си поминавме. Мислам дека истото ќе го повториме и оваа година, а потоа на сите ќе им честитам Нова година.
фото: Инстаграм/цеца ражнатовиќ