Во домот на балканската музичка ѕвезда Цеце Ражнатовиќ за празникот имаше весела семејна атмосфера.
Во вилата на Дедиње се вратија Анастасија и Вељко кои неколку недели не беа дома, односно таа беше во Нови Сад, а тој во Тител.
На пејачката на ручек и се придружија и семејството Родиќ, родителите на нејзината снаа Богдана.
Анастасија Ражнатовиќ објави снимка на својот Инстаграм профил од семејниот дом, а богатата маса зад која седат членовите на нејзиното семејство изобилува со храна.
Она што го привлече вниманието на многумина е дека и Цеца и Анастасија, како и бремената снаа на Богдана, се целосно без шминка за оваа пригода.
фото:принтскрин/инстаграм