Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ многу ретко објавува фотографии од нејзините родители, за разлика што нејзината сестра Лидија и децата постојано ги пласира пред очите на јавноста.
Овој пат направи исклучок, па речи да објави една семејна фотографија со мама Мирјана и тато Слободан Величковиќ. Фото-споменот не беше нов, но затоа Цеца како носталгично да навести дека и недостигаат.
Во една прилика таа за српските медиуми изјави дека нејзините родители никогаш не и простиле што не завршила факултет.
“Сакав да студирам психологија. Бев на одличен пат бидејќи бев одличен ученик и никогаш немав проблеми на училиште. Верувале или не, целиот мој успех и огромна кариера никогаш не беа доволни за моите родители. Никогаш нема да ми простат затоа што не продолжив да се образувам и тоа што не завршив факултет”, изјави Цеца во една прилика.