Радио Милева Мамина миленичка

Цеца никогаш поискрена: „Цела естрада живее од моите песни, зошто да не и Анастасија“

Цеца никогаш поискрена: „Цела естрада живее од моите песни, зошто да не и Анастасија“

Пејачката Цеца Ражнатовиќ ги сумираше своите впечатоци од спектакуларниот настап во Будва за кој многу се пишуваше и зборуваше.

– Никогаш не калкулирам и не се штедам. Пеев четири и пол часа и ништо не пропуштив. Ги оставив душата и срцето на сцената и ја сакам енергијата што ја оставам на сцената. Кога ќе ги видам тие насмеани лица, нема поголема награда за мене – рече Цеца и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

– Многу емотивно и физички се вклучувам додека ги изведувам моите песни и заборавам дали пеам строфа или рефрен. Влегувам и талкам некаде, па се вртам и прашувам каде завршив. Анастасија беше во кабина и реков: „Вечерва нема да ја слушнете песната „Трепни“, бидејќи не го знам текстот…“ Анастасија неодамна ме праша дали може да вклучи некоја од моите песни во нејзиниот репертоар, и ѝ реков дека целата естрада живее од моите песни, па зошто да не и таа. И реков да пее што сака – вели Ражнатовиќка во емисијата „Премиера“, а потоа зборуваше за своите почетоци.

– Ако погледнеме на песните од моите почетоци, а потоа и лудилото кое започнува со Марина Туцаковиќ и песната „Кукавица“, а останатото е познато како се случило. „Кукавица“ ме фрли во небо, тоа е сигурно – рече Цеца и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

-Би сакала да ја отпатам некаде, да дојдам да и го видам целиот настап нејзин, бидејќи досега не сум имала можност – изјави Цеца за настапот на Анастасија.

фото:Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Поврзани теми

To top