Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ проговори за убавите моменти кои и се случуваат во последните неколку месеци.
Таа проговори и за својата врска со Богдан Срејовиќ и откри дека многу е среќна.
Љубовта ви се случи во време на корона. Колку тоа ви помага да се посветите на партнерот?
-Нема врска дали е корона или не. Јас не гледам на тој начин. И двајцата сме посветени еден на друг и уживаме секој ден. Секој од нас си има свои обврски, а кога ќе завршиме со обврските уживаме заедно“, вели пејачката.
Пејачката откри дека можеби еден ден ќе напише и книга за себе.
„Можеби еден ден ќе направам документарец за себе, но се уште е рано да размислувам за тоа. Некако имам впечаток дека на филмот се може убаво да се претстави. За тоа има време, и треба многу подготовки за да производот биде добар“, вели Ражнатовиќ.
Инаку, Цеца веќе неколку месеци ужива во врската со Богдан Срејовиќ, а првпат беше обелодена во јавност кога папараците ја уловија како со момчето шета во Белград.