Радио Милева

Цеца ќе стане баба

Цеца ќе стане баба

Свршеницата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана Родиќ е бремена, а Цеца Ражнатовиќ ќе стане баба, пишуваат српските медиуми.

Овие вести ги потврди и мајката на Богдана која истакна дека се пресреќни поради радосните вести.

„Сите во семејството сме пресреќни. Богдана и Вељко вчера ни соопштија дека ќе станат родители, во тој момент сите бевме шокирани, но веднаш потоа почнавме да славиме. Се слушнав со Цеца и таа е пресреќна. Сите со нетпрение го очекуваме момчето или девојчето. Важно е детето да биде живо и здраво и да се помине во најдобар ред. Не ги знам деталите за свадбата. Треба да разговорам со Цеца. Сега најважна е бременоста. Идниот дедо е воодушевен, исто така и тетките едвај го чекаат бебето“ вели Даниела.

Од друга страна, Цеца на својот „Инстаграм“ се огласи и напиша дека се преубави вести за нејзиното семејство.

„Честитам, ова е убава вест за моето семејство. Се радувам, бев во неверување кога Вељко ми соопшти, а потоа се помешаа емоциите. Не можам да го опишам чувството, се уште сум во еуфорија.Снаата ќе ја пазам повеќе од кога и да било за да новиот член ни пристигне во весела атмосфера“, напиша Цеца на „Инстаграм“.

За потсетување, пред неколку месеци Вељко ја побара Богдана за сопруга, а за следната година најавија свадба.

To top