Радио Милева

Цеца ја почести Анастасија со подарок вреден 73 000 евра (фото)

Цеца ја почести Анастасија со подарок вреден 73 000 евра (фото)

Анастасија Ражнатовиќ, од нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ доби автомобил кој вреди 73 000 евра за да ја мотивира да положи за возење.

Иако се уште нема положено, Анастасија од Цеца доби џип, но додека не добие возачка дозвола ќе мора да почека со возењето.

фото: Никола Томиќ

„Учам, наскоро ќе има теоретски испит. Ова е мој автомобил, ми го купи мајка ми како мотивација, но имав многу обврски околу албумот, па немав време да полагам. Се надевам дека тоа ќе го завршам во 2020 година“ вели Анастасија и откри дека нема проблем да се вози со такси.

фото: принтскрин/јутутб/личнонезванично

Нејзиниот брат Вељко често и вели на Анастасија дека ќе биде лош возач.

„Брат ми често ми вели дека ќе бидам најлошиот возач на светот бидејќи немам никаква координација, но мислам дека добро ќе се снајдам. Ќе му го докажам спротивното“ вели пејачката низ насмевка.

To top