Дисквалификуваната кандидатка од „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ ја снима својата прва песна, а во тоа и помога фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.
Како што пишуваат српските медиуми, пријател на Кнежевиќ пред две недели стапил во контакт со пејачката и ја замолил да и помогне на Вања.
Како што се наведува, Вања изминатите неколку дена била во Белград каде што во студио имала тонски проби.
Ни Цеца, ниту Вања не се огласија по повод овие пишувања.
Потсетуваме, кандидатка беше дисквалификвана од музичкото шоу откако на „Инстаграм стори“ објави навредливи содржини кон Јелена Карлеуша, а потоа и „Ѕвездите на Гранд“.