По настапот на “Пивофест” балканската музичка фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ ќе се појави и пред штипската публика на традиционалната манифестација “Штипска пастрамалијада” која годинава ќе се оддржи од 20-ти до 22-ри септември. И овој пат организаторите очекуваат голем број на граѓани како од Македонија така и од соседните држави, каде што исто така оваа фолк пејачка е популарна.
Освен веќе споменатата музичка ѕвезда, на овогодинешното 13-то издание на “Штипска пастрамалијада” свое учество ќе земат и следните музички имиња: Групата “Нокаут” и Игор Џамбазов, Мартинијан Кириловски, Викторија Лоба, Тропико Бенд… а овогодинешната манифестација ќе ја затвори хрватската позната пејачка Данијела Мартиновиќ.