Со години кружеа гласини дека Цеца Ражнатовиќ и Гога Секулиќ се во лоши односи и дека не комуницираат.
Иако Гога неколкупати истакна дека нештата не се така црни, фактот е дека ретко можеа да се видат на исто место.
Меѓутоа, тоа се прекина благодарение на прославата на ќерката на Ана Николиќ и Раста, Тара.
Двете пејачки се појавија видно расположени, Цеца со коверт во раката, а пак Гога донесе интересен подарок.
По крштенката , славењето продолжи во ресторан, а Гога и Цеца направија нешто кое веројатно многумина не го очекуваа.
Тие двете се фотографираа и на тој начин ставија точка на нагодувањата за нивниот однос.