Цеца и Анастасија Ражнатовиќ покажаа како вчеравечер ја дочекаа српска Нова година во својот дом на Дедиње.
Двете објавија снимки на кои се гледа дека уживаат во домашната атмосфера заедно со неколкумина блиски пријатели, меѓу кои беше и Аца Лукас, но исто така беше покането и момчето на Анастасија.
Бидејќи решија да останат дома, тоа не беше причина да немаат музика во живо, па ангажираа музичари кои им пееја на увце.
-Ја дочекуваме српска Нова Година во хармоничка атмосфера, напиша кусо Анастасија, а на снимката може да се види и нејзиниот брат Вељко и другарката Невена.
Како изгледаше забавата во домот на Ражнатовиќ, гледате од видеото во продолжение: