Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, кандидатката Сања Савиќ се претстави со песните „Две музике“ и „Опроштајна вечера“ .
По нејзините интерпретации дојде до кавга меѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.
Имено, Цеца одби да биде ментор на Сања, а за време на коментирањето дојде до кавга меѓу членовите на жирито.
„Супер беше девојката. Посебно во првата песна, а во втората нема што да се пее“, изјави Босанац и со тоа ја поткачи Цеца која ја пее ова песна.
„Е баш тука нема што да се пее“, одговори Цеца.
Босанац истакна дека тој е добар композитор и дека од Сања ќе направи голема ѕвезда, а потоа продолжи да провоцира.
„Марија е „пеачиште“, а Цеца е само популарна пејачка“, изјави Босанац.
„Па кога си добар продуцент, зошто од ќерка ти не направи ѕвезда“, жестоко одговори Ражнатовиќ.
„Мојата ќерка нема спонзори и таа моментално го завршува факултетот“.
Инаку, Сања за свој ментор го одбра Драган Стојковиќ Босанац.
фото: принтскрин/тв прв