Радио Милева

Цеца го криеше ова: Анастасија Ражнатовиќ откри тајна стара две ипол години

Цеца го криеше ова: Анастасија Ражнатовиќ откри тајна стара две ипол години

Анастасија Ражнатовиќ кон средината на минатата година ја започна својата музичка кариера, додека нејзиниот глас претходно можеше да се слушне ако запее на некоја емисија каде гостуваше или пак на социјалните мрежи.

Нејзината мајка, за време на издавањето на албумот „Автограм“ во јуни 2016 година, откри дека Анастасија ги отпеала придружните вокали во песната „Добротворне сврхе“. Меѓутоа, сега во една емисија Анастасија откри нешто кое досега не беше познато, со оглед дека нејзината мајка никогаш јавно не зборуваше за тоа.

фото:инсатргам/анастасијаражнатовиќ

-Интересен е фактот дека јас на тој албум ги беев придружните вокали на сите песни. Тоа го почнав кога веќе знаев дека ќе бидам пејачка, открива Анастасија.

Потсетуваме, таа сега има две песни кои инстантно по промоцијата станаа хитови во целиот регион, а како истакна во едно интервју и третата песна ќе биде објавена наскоро.

To top