Радио Милева
нападно цицлеста...

Цеца ги прошета разголените гигантски гради: Енормната силконска предница на фолк дивата ја фрли во сенка чантата од 3.000 евра (ФОТО)

Цеца ги прошета разголените гигантски гради: Енормната силконска предница на фолк дивата ја фрли во сенка чантата од 3.000 евра (ФОТО)

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на новата емисија од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во никогаш попровокативно издание.

Цеца ем блескаше, ем ги провоцираше присутните пред и во студиото на Кошутњак, а сите погледи беа вперени во деколтето на пејачката и тоа со добра причина.

Ражнатовиќ облекла свечена блуза од проѕирна црна тантела, а нејзините огромни гради едвај успеваше да ги „задржи“ светкавиот црн градник, од чие лежиште кипеајќи се пелеваа нејзините гигантски силикони.

Својот провокативен стајлинг пејачката го надополнила со црни панталони и мрежести сандали на високи потпетици.

Фолк ѕвездата в раце носеше и чанта од познатиот бренд Ботега Венета, чија цена се движи меѓу 2.500 и 3.000 евра, арно ама… Кој да ти ја забележи чантата покрај таква нападно цицлеста глетка, па така енормната силконска предница на фолк дивата ја фрли во сенка чантата од 3.000 евра!

Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic/Antonio Ahel/ATA images

 

Останати вести од Радио Милева