Цеца Ражнатовиќ првпат се огласи по написте дека таткото на Филип Мркајиќ, момчето на Романа Паниќ со кој беше уапсена во Австралија, изработувал накит за починатиот Жељко Аркан Ражнатовиќ.
Станува збор за човекот кој се вика Здравко Мркајиќ Буца, а кој наводно бил омилен златар на Аркан и златарот кај наводно го направил свршеничкиот прстен со која Аркан ја запросил Цеца, но и крстот кој Жељко го носеше на венчавката.
Меѓутоа, Цеца вели дека тоа не е вистина.
„Јас првпат слушам за ова. Не го знам ни момчето, ни неговите родители, нити па Жељко ги венчаше“, вели Ражнатовиќ и ги прокоментира написите дека ја отследила Романа.
„Не се ни следевме, ниту пак би ја оследила. Жената ми е пријателка“ вели пејачката за телеграф.рс.
Таа накратко ги прокоментира и сите случувања со Паниќ.
„Па, што да ви кажам….јас неа ја сакам, а нејзиниот живот – нејзина работа“ заклучи Цеца.
Потсетуваме, Романа и Филип беа уапсени во Австралија поради ограбување на банкомати, а Романа е осудена на една година, но по три месец може да излезе на условна слобода.