Радио Милева вљубени „до уши“...

Цеца е на одмор како од бајка: Богдан секое утро ја буди со роза и кафе во кревет… (ФОТО)

Цеца е на одмор како од бајка: Богдан секое утро ја буди со роза и кафе во кревет… (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ го одведе своето момче Богдан Срејовиќ на црногорското приморје. Пејачката и бизнисменот уживаат на приватни плажи и во луксузни ресторани во Будва. Фолк sвездата има закажано настапи на Јадранот, па Богдан ја придружува и на нејзините концерти.

„Цеца веќе беше во Црна Гора со пријателите и ќерката Анастасија, но без Богдан. Потоа мораше да остане во Белград поради деловни обврски, но тие постојано се слушаа по телефон. Овој пат тој одлучи да направи пауза и да и се придружи. Преку ден уживаат во пливање, сончање и добра храна на приватни плажи, а навечер се заедно во клубовите каде настапува Цеца. Буквално не се разделуваат“ – вели извор близок до парот.

Очигледно пејачката и бизнисменот се заљубени „до уши“.

„Никогаш не сум ја видел Цеца посреќна! Богдан е многу внимателен кон неа, и ја исполнува секоја желба, дури и и носи утринско кафе во кревет со роза… Подготвен е на се’ само за да ја насмее. Конечно нашла маж кој се обидува да ја задржи.

Откако Вељко се ожени и доби син, а Анастасија почна да живее со момчето, Цеца почна да размислува  за својата иднина. Богдан е вклучен во сите планови! Не би се изненадил ако наскоро ја запроси“ – вели соговорникот, близок до фолк дивата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic

To top