Пејачката Цеца Ражнатовиќ откри дека им е интересна на писателите, сценаристите и режисерите, кои со задоволство би ја снимиле нејзината животна приказна.
Имено, бидејќи Лукас веќе работи на автобиографската серија „Кафана на Балканот“, Цеца за српски Телеграф коментирала дека имала слични понуди и тоа на светскиот пазар, но истакнала дека сè уште не ја интересираат такви работи.
– Сè уште сум млада за филм и серии. Имав различни понуди. Добив понуда дури од Американците за книга, за мојот живот, но засега не се гледам себеси во тоа – открила пејачката.
Таа потоа се наврати на почетоците и призна дека во еден период морала да се жртвува за да го постигне успехот во кој ужива денес:
-Почнав да пеам од пелена. Го жртвував целото мое детство и младост. Имав цел и не можеш се да добиеш во животот, не можеш да се забавуваш, да се дружиш и да имаш кариера. Морав да изберам и да се откажам од нешто. Не е ни забавно да се оди на забави секој ден. Второ, треба да ја задржиш таа мистичност, како јавна личност, бидејќи така си поинтересен за публиката.
– Цел живот патувам, поминувам доста време по хотели и авиони, а за мене е рај да облечам пижами и да уживам кога ќе се вратам дома. Спиењето е важно и се разбира, што е можно помалку стрес! Сите сме под стрес, почнувајќи од тинејџерите.
Фото:Принтскрин/АТА имаџес/Дамир Дервишагиќ/Ненад Костиќ