Сашко Нојкиќ или попознат во јавноста како Цаки – „Кисми“ е пејачот со кого забавата секогаш е загарантирана. Без сомнение тој важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи штимунг за сечиј мерак.
Освен со настапи во Македонија, тој во последно време е се поприсутен и во земјите од западна Европа, секаде каде што живеат и работат Македонци, како Швајцарија, Германија, Италија… Но, Цаки е еден од ретките наши естрадни уметници кој често има настапи и во соседна Бугарија. Таму како и во Македонија, со право го носи и прекрарот „крал на кафеаните“.
Изминатиот викенд, Цаки ја промени локацијата, односно кафеаната, но не и државата.
Имено македонскиот пејач имаше настап во познатотот зимско туристички ски центар Банско, каде што во локалот каде што пееше направи невидена атмосфера, фантастичен штимунг и незаборавна забава.
Во еден момент од својот настап Цаки присуствуше на необичен призор, а сцената што ја здогледа го натера да заплаче, односно му ги насолзи очите откако виде што се случува на една маса.
Имено едно момче од гостите реши да ја запроси раката на својата девојка и да ја побара за жена.
Таа откако му го кажа судбоносното да, што наиде на многу емоции кај сите, а го возбуди и нашиот„крал на кафеаните“ Цаки.
Пејачот едвај ги сопре свите емоции и додржа да ги сопре и солзите и сериозно да не заплаче…
Заедно со братот на младоженецот.
Инаку, неодамна Цаки имаше настап во една дискотека во Благоеврад каде што пееше качен на шанкот, а притоа во својот репертуар изведе и неколку македонски патриотски песни но и македонската „фолк химна“ – „Македонско девојче“ во оригинална верзија и притоа напиша: „Вака се презентира и сака Македонија во Бугарија“!
Многумина коментираа дека ова ќе му биде и последен настап поради добро познатите политички релации на двете држави, но веќе набрзо пристигна демантот, откако македонскиот пејач повторно беше гостин во истиот локал и пак запеа македонски песни и одново порача: „Нема поубаво девојче од Македонче“!
Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Caki Kismi