Радио Милева толку од радиоводителството?

Цаци си оди од „Сити радио“: Најпознатата македонска радиоводителката „го паркира“ радиомикрофонот и менува професија?! (ФОТО)

Цаци си оди од „Сити радио“: Најпознатата македонска радиоводителката „го паркира“ радиомикрофонот и менува професија?! (ФОТО)

Нејзиниот глас велат станал заштиттен знак на секое радио каде што работела. А работела во двете најслушани национални и скопски радија: „Антена 5“ и „Сити радио“.  Слушателите пораснаа со нејзиниот стил на водење,  кој е своевиден трејд марк, синоним за женски радиоводител во македонскиот радиоетер. Ја сакаа нејзината позитивна енергија и ведрината со која зрачи заедно со радиото во етерот, позитивниот радиски амбиент и идентитет на самото радио кој го создава, страста со која зборува пред радиомикрофонот. Боја на глас и насмевка кој со првиот кажан збор е непогрешливо препознатлива – Славица Ставревска или популарната Цаци!

Затоа и како „гром од ведро небо“ одекна веста дека Цаци повеќе нема да ја слушаме на радио. Не барем на „Сити“, каде овој петок, 14-ти август во својот вообичаен термин го пие последното „Сити кафе“ со своите слушатели?!! Како и зошто – засега само Цаци знае зошто си оди од „Сити радио“, но факт е дека најпознатата македонска радиоводителка „го паркира“ радиомикрофонот и менува професија, како што во свој стил ни ја потврди веста и нејзиниот колега, уште една скопска и македонска радио легенда, Виктор Петров -Викса.

Дека е тоа така, говори и Фејсбук статусот на нејзиниот радиосопатник кој со неа е што се вели, „цел живот“ кога е работата во радиото во прашање, познатиот радио Ди – Џеј зад микс пултот, Владо Деловски – ДЈ Дела:

„Ми беше задоволство што во изминативе скоро 30 години ја делевме најдобрата професија за тебе и мене..ЕЈ ИМАМ НОВА ПЕСНА ЗА ВО ЕТЕР,ТОП Е,ЌЕ БИДЕ ХИТ. Денеска и е последната емисија на Сити Радио… Од радиовотителството си оди Slavica Caci Stavrevska, за мене еден од најдобрите и најпрофесионални радиоводители во македонскиот етер. Радиото секогаш ќе ме потсетува на тебе… Знам дека е тешко кога се прекинува кариера, но… Нови мориња ќе можеш да откриеш дури тогаш кога ќе стекнеш доволно храброст да го изгубиш брегот од видикот“ – напишал во емотивниот статус за работната разделба со колешката ДЈ Дела, срамежливо потврдувајќи дека Цаци сепак си оди не само од радиото, туку и од радиоводителството и ја менува професијата со некоја друга.

Своевремено, пред неколку години во едно свое интервју за медиумите Цаци изјави:

„Избери работа што ја сакаш и никогаш нема да мораш да работиш во животот. А, ова дефинитивно сум јас!“

Дали тоа значи дека радиоводителката се „презасити од себе си“ и професијата, па ќе се обиде да се најде себе си во новиот предизвик?  Во кој (не) ќе мора да работи?

Утринава ја побаравме, но Цаци беше недостапна за одговор… од прва рака!

To top