Пејачот Хари Варешановиќ ( Хари Мата Хари) се заљубил во Аида во младоста, кога имал само 19 години, а двајцата се венчале на крајот на 1983 година. Церемонијата на ветување вечна љубов и верност се одвивала интимно, без многу помпа, во кругот на семејството и пријателите, а две години подоцна (во 1985 година) се родила и нивната ќерка Надја.
Варешановиќ во едно интервју признал дека во тоа време бил премлад и неподготвен за улогата на татко, а речиси една деценија подоцна (во 1994 година) во бракот со Аида го добил синот Дамир.
Меѓутоа, дури подоцна излезе на виделина дека пејачот две години претходно (во 1992 година) имал вонбрачен син Мак, за што самиот Хари дознал многу подоцна во животот, што било само една од причините за распадот на неговата првиот брак со Аида.
Дополнително, Варешановиќ отворено ќе проговори за тоа дека во далечната 1994 година ја запознал својата втора сопруга Јасминка и дека дури тогаш сфатил што е вистинска љубов.
„Влегов во музиката поради музиката, а не поради работите што ја придружуваат. Никогаш не сум имал проблем со дрога, алкохол или комар. Единствено од што не се спасив се жените, а тие се еден од нуспроизводите што одат со музиката… мојот омилен порок“.
„Имав мали кавги со сопругата, но ретко. Секогаш и велев: ‘Кој е виновен? Ти си избра самата. Ти ме избра мене, не јас тебе’. Веќе бев дефиниран како музичар на 20 години и мојот животен пат беше познат. Иако, сè во животот може да се надмине и промени. Останав во брак со жена ми, но во компромисен брак. Поради децата“ – изјави тогаш Хари, признавајќи дека цела деценија живее на релација Сараево-Минхен поради Јасминка, со која подоцна се оженил (во 2010 година), по разводот со Аида.
Фото: Инстаграм принтскрин/harimatahariofficial