Двократната победничка на фестивалот „Макфест“, струмичанката Александра Јанева по се изгледа реши комплето да се трансформира, што музички, што физички.
Според објавите на нејзиниот Инстаграм, Александра речиси секојдневно има нова фризура и нов имиџ, што не беше случај за претходно и светлото во кое ја запополна публиката.
Беше препознатлива по баладите особено по хитот „Врати ми го сонцето“ од 2013 година. Но сега се нови, поинакви времиња, каде брзиот ритам и електронски моменти се поактуелни на домашната забавна сцена, а изгледа дека и Јенева реши да биде во чекор со трендот.
Деновиве таа го најавува новиот спот и песна насловена „Бам Бам“, која треба наскоро да биде објавена.
На приложените фотографии струмичанката долгите и дамски фустани ги замени со покажување повеќе кожа и облини во искината мрежа и куси панталончиња, а како ќе звучи и изгледа во финалната верзија на новитетот кој го најави, останува да видиме наскоро…