бугарската фолк ѕвезда Галена ја зграпчи раперката Диона и двете жестоко се бакнуваа пред стотици луѓе во во преполната фокотека, пишува “Бугарија денес”.
Дамите не покажаа срам и демонстрираа љубовни сцени на задоволство на машката публика. Разменија лезбејските бакнежи со страсни стенкања и движења кои ги препотија присутните во клубот. Нивните разбушавени коси, подзамижаните очи и загреаните тела уште повеќе ја вжештија ситуацијата.

И покрај тоа што Диона е претставник на хип-хопот, таа отворено откри дека турбофолк ритамот не и е туѓ. Младата девојка диво го кршеше телото во ритамот, моташе качаци и пушеше наргиле, за подобро да ја разбере турбофолк културата. Нејзиното однесување воопшто не им се допадна на нејзините обожаватели, кои се лути критичари на турбофолк и не сакаат да ја гледаат својата миленичка во такво издание..

“Отсекогаш сакав да бидам поинаква… јас сум се’ уште дива и бунтовна. Додека моите пријатели одеа во фолкотека, јас бев во друг клуб и слушав поинаква музика. Сепак, имам многу пријатели од фолкот, со Галена сме блиски и таа многу ми се допаѓа. Глупост е да има војна помеѓу стиловите. Мојата последна песна оди кон фолк, што ме прави среќна. Доказ за недостаток на војна се дуетите меѓу фолкерките и рап изведувачите”, рече Диона.