Радио Милева копи - пејст?

Бугарските фолкерки имаат ист шминкер, фризер, естетски хирург… па, Камелија и Емилија изгледаат како близначки, а не се ниту оддалеку роднини!

Бугарските фолкерки имаат ист шминкер, фризер, естетски хирург… па, Камелија и Емилија изгледаат како близначки, а не се ниту оддалеку роднини!

Фановите ја заменија Камелија со нејзината колешка Емилија, како што се случи пред извесно време, и со Преслава  и Галена. Сега сличноста помеѓу двете бугарски фолкерки е толку многу впечатлива, пишува весникот Викенд. Камелија го изгуби својот персоналитет откако го „скрати“ носот. Сите обожаватели на фолк дивата ја критикуваат за интервенцијата и не престануваат да и пишуваат дека добила комичен изглед со новиот нос. На Емилија  пак и беше коригиран носот од хирурзите 2 или 3 пати, се’ додека не ја доби  моменталната  посаквуна тенка форма на органот за мирис.

Фановите на двете пејачки на „лесни ноти“ се шокирани од нивната сличност и фактот дека во некои кадри се толку идентични, како да се  близначки.

„Дали имале операција кај ист хирург или имале исти носови обете?“ – се  прашуваат обожавателите. Факт е дека двете русокоси имаат идентична боја и должина на косата, шминката им е исто така слична. Главната причина за сличностите не е наследена, туку се истиот шминкер, фризер и пластичен хирург кои ги користат двете фолк диви.

Во фолкот, и не само таму, пејачите обично работат со едно или две имиња кои се релевантни 3-4 години, а потоа  време е за нови. Додека се на врвот на својата слава, луѓето кои се грижат за изгледот на изведувачите не бараат да понудат разновидност, туку напротив, создаваат клонови. Фризурите и естрадната шминка се исти за секого, а кога и хирургот е ист, сличностите стануваат особено очигледни.

Ако пред неколку месеци Камелија официјално имаше само силикони на себе, тогаш Емилија има повеќе од една или две корекции. Имплантите во градите беа прва интервенција на пејачката на „Ако бев еден од непријатните“, а оттогаш таа неколку пати го „скратила“ носот, што некои и го споредија со оној на  покојниот крал на попот, Мајкл Џексон.

Повеќето од новите пејачки веќе прибегнуваат кон хијалуронска киселина, која се распаѓа, но Емилија оддамна направи корекција на усните, кога силиконот беше во мода. Таа има полни усни, па имплантите што ги стави се релативно мали. Сите овие подобрувања и фотошопот што тие мора да ги користат, прави двете да изгледаат речиси идентично.

Извор:  Hot news.bg

Фото: Инстаграм принтскрин/kamelia_official/emilia.online

To top