Бугарската пејачка со украински корени Ен-Џи влезе во етерот исфрли нов спот, кој се покажа како доста провокативен, како што е и насловот на песната, поточно „Чукаме шницли“.
Без кочници и само во еротска долна облека, главниот лик испраќа „апетитна порака“ до посилниот пол.
Спотот за песната е снимен во пријатната кујнска атмосфера во еден софиски хотел.
Во сценариото со многу еротика но и смисла за хумор и шарм се реализира максимата дека машката љубов минува низ стомакот.
Хероината, сепак, навидум ги реализира сите сексуални фантазии на мажот, но во исто време станува и негов најголем кошмар.
Текстот е дело на самата пејачка, а е наменет за оние мажи кои ја доживуваат жената само како предмет на потрошувачка без да бараат душевна врска и симбиоза со неа.
Сепак мажите во видеото многу повеќе ги возбуди нешто друго: Онаа што во секси долна облека, црни чорапи и високи штикли, „чука шницли“!
Ен-Џи ја претстави својата нова песна во еден клуб во Софија, каде што ги воодушеви своите фанови и со други хитови како „Не верувам“.