Бугарската турбофолк пејачка со турско потекло Есил Дуран, чија музичка кариера сериозно се „топи“ во изминатите неколку години, размислува да му се врати во џезот, стилот што претходно го негувала во музиката, пишува бугарска HotArena.
Неодамна таа снимаше класични џез песни и доби многу комплименти за нејзините изведби. Затоа таа не ја отфрли можноста да продолжи го вади лебот на овој начин.
Пејачката е една од ретките во бугарската музичка индустрија која може да се пофали со високото музичко образование. Дипломирала „поп и џез пеење“, а на почетокот на кариерата таа го работеше токму тоа.
Но, откако виде дека има повеќе пари во турбофолкот, се префрли на него. Сега џезот одново влегува во мода, а фолкот е помалку погоден за одмионатата возраст на Есил Дуран. Затоа пејачката смета дека ќе му се врати на „американскиот“ стил.
Извор: Новини.бг