Додека некои од бугарските фолкерки не се задоволни од затворањето на локалите заради коронапандемијата, за други очигледно нема криза и тие не се жалат дека немаат пари ни за бензин.
За пејачката Алисија на пример, годината е очигледно исклучително успешна. Фолкерката е забележана како се вози низ улиците на Софија со најновиот модел на џип Мерцедес Брабус, кој излезе од фабриката само пред неколку месеци. Цената на моќното возило е 250.000 евра или околу половина милионче лева. Ова е цената без дополнителна опрема и оклоп, инаку цената достига и до еден милион.
Нарачаниот мерцедес и е подарок на Алисија од нејзиното момче Симеон Филипов. 30-годишниот бизнисмен е лудо заљубен во Асја, како што е вистинското име на пејачката, и не престанува да ја разгалува. Секако, предвидливиот Симеон веднаш не го пренесе моќниот џип на името на својата сегашна, инаку бивша девојка на фудбалската ѕвезда Валери Божинов, туку возилото и беше дадено само за лична употреба, пишува Викенд.
Алисија дефинитивно го привлекува вниманието и на возачите и на пешаците. Џиповите од овој модел се високо ценети и претпочитани од љубителите на големите брзини. Алисија и бизнисменот Симеон Филипов се во љубов најмалку 2 години. Младиот шмекер се занимава со трговија на недвижен имот и поради неговите финансиски можности е меѓу најпосакуваните ергени во Софија.
Самата Алисија веќе подолго време ја запоставува својата кариера и не се замара со нови песни и спотови. Пејачката веќе еднаш ја наведе својата работа и постојаните отсуства навечер, како главна причина за разделба со поранешните партнери. Сега нејзе коронапандемијата и оди во полза, поради фактот што не настапува, па може да биде неразделна од нејзиниот сакан и да го чува од љубопитните погледи и флертови на бугарските женски ловци на богати мажи.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jaka-e-zena-ti-noviot-bugarski-leten-hit-na-lorena-i-alisija-go-napisha-makedonec-a-vo-videoto-golotija-do-gola-koza/
Извор: HotNews.bg
Фото: Инстаграм принтскрин/alisiaofficial_