Се сеќавате ли на бугарската старлета и Плејбој мисица, Нора Недкова? Истата онаа која на водителот Миро Кацаров на неговото прашања му одговори со покана да појдат до тоалетот за да ги соблече гаќичките, а потоа го напушти снимањето на естрадниот магазин од зад сцената, „Бекстејџ“, во времето додека тој се’ уште беше дел од него!?
Деновиве русокосата старлета на која голотијата и е „добро уторо“,одново сподели на својот Инстаграм жешка најава:
„Нешто жешко доаѓа. Очекувајте!“
Со овие зборови, Нора Недкова објави уште една експлицитна фотографија на своите Инстаграм приказни. Овој пат – пиштол гола, во клечечка селфи поза пред огледало! Расната убавица се покажа целосно гола, како кокетира со објективот за да ги израдува своите обожаватели. Русокосата градите ги прекрила само со својата коса, а долниот дел е оставен на фантазијата на нејзините следбеници, кои сигурно повторно и повторно си го враќаат филмот назад, анализирајќи ги сите детали.
Кои и какви се’ новости Нора ќе ни сподели, сè уште не се знае, но можеме да претпоставиме, судејќи според нејзината гола најава, дека дефинитивно станува збор за нов проект, зачинет со еротски шмек. Еротското вклучување на сексапилната старлета од гримиорната, асоцира дека станува збор за ново секси видео или можеби еротска фотосесија, претпоставуваат, а и посакуваат нејзините следбеници.
Не само што за нив би било пожелно, туку и самата Нора смета дека треба и мора одново да ја видат гола и комплетно да уживаат, како во нејзиниот телесен раскош, така и во останатата содржина што ќе биде понудена во истиот кош.
Фото: Инстаграм принтскрин/nora_nedkova