Некогашната Мис еротик модел 20212 и Мис силикон 2013, сексапилната бугарска убавица Џулијана Гани уште еднаш ги разгоре страстите на социјалните мрежи. Расната Џулка, како што од милост ја нарекуваат, одново реши да ги стави во искушение обожавателите и следбиниците на социјалните мрежи, објавувајќи своја фотографија гола во џакузи, во кое позира само со пешкир на главата.
Силиконската нимфа е свртена со грби па логично на фотографијата до израз и доаѓа убавиот извајан задник, како и многуте тетоважи како украс направени по должината на рбетот и левата плешка.
Под фотографијата, фановите на Гани започнаа дискусија за тоа дали е во ред жена која веќе е мајка да се појави „пиштол гола“ и да се слика без ниту едно парче без облека?
Иако некои од нејзините следбеници не го одобруваат нејзиното несериозно однесување, мнозинството сепак смета дека некогашната мисица е премногу млада, убава и сексапилна за да треба да се крие. Друго прашање е дали разголената Џулка не претерала во предизвикот и провокацијата до нацијата? Дури и да имала таков мотив, тешко дека некој од вистинските мажи би имал нешто против!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bugarskata-starleta-i-model-ciclestata-dzulijana-gani-so-pogled-ve-mami-gola-kako-sirena-vo-ribarska-mreza-foto/
Патем, Џулијана не заборави да ги почести и своите женски обожавателки за празникот на жената, 8. Март.
„Ние жените сакаме да се чувствуваме секси и особено се грижиме за тоа! Го сакам времето кога мојот шминкер и фризер ме разубавуваат, расположуваат и даваат волја, средувајќи го мојот изглед. Тогаш дефинитивно имам ритуал на фотографирање, хаха. Минимум 100 пози и избор на 3 до 5 најдобри. Во оваа прилика, решив да подарам бесплатна шминка и фризура на моја сметка на една од вас! Постои повод – 8 март!“ – порача секси Џулка од својата постела, покажувајќи еротски бон- тон и почитување за празникот и кон понежниот пол.
Извор:HotNews.bg
Фото: Инстаграм принтскрин/djuliana_gani