Радио Милева
„работлива“ домаќинка

Бугарската „Мис силикон“ Борјана Миткова има „секс – стрес“ препорака: „Три пати неделно е доволно и без паника од корона“ (ФОТО)

Бугарската „Мис силикон“ Борјана Миткова има „секс – стрес“ препорака: „Три пати неделно е доволно и без паника од корона“ (ФОТО)

Бугарија е земја на многу нешта, па и на разно-разни избори за мис. Така деновиве требаше да се одржи конкурсот, односно аудицијата за изборот за „Мис старлета“, но тој заради коронапандемијата беше одложен, пишуваат бугарските медиуми.

Во меѓувреме една друга бугарска мисица, Борјана Миткова која е попозната како „Мис силикон“ објави дека запира со објавување на разголени фотографии на социјалните мрежи, а со тоа и во јавноста.

Имено, цицлестата убавица решила целосно да го смени својот скандалозен начин на живот, па  и дури престанала да излегува по ноќните клубови.

Причината беше човекот пред кого бринетата сака да биде примерна домаќинка.

Наместо да танцува во ноќни клубови, Борјана веќе му се посвети на семејниот живот, па дури и проучувала рецепти за готвење по цел ден. Силиконската убавица дури и сериозно размислувала за бебе и како што се донава, вредната и „работлива“ домаќинка веќе работи на случајот.

Патем, расната Борјана во едно свое неодамнешно интервју за бугарскиот весник „Б’лгарија денес“ препорача секс како лек за стрес и во време на Ковид -19:

„Три пати неделно е сосема нормално, нема потреба од хистерија заради коронавирусот“ – порача цицлестата силиконска мисица.

Препораката  е нејзина, одлуката – ваша!

Извор: Новини.бг

Фото: Инстаграм принтскрин/mitkovab/mitkovab@chapkanov_photography/mitkovab@b.georgievphotography @areab19.studio/george_bojkov

 

 

Останати вести од Радио Милева