„Пилето на бугарскиот фолк“, како што ја нарекуваат бугарската пејачка Рајна, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако на својот Инстаграм пшрофил сподели серија фотографии само по долна облека, во која фолкерката изгледа посексипилна од кога и да било.
„Откако остана без момче, пејачката покажува се’ повеќе и повеќе разголенно месо“ – пишува „Бугарија денес“.
Сексапилната фолкерка пак, како да го прифаќа предизвикот на ваквите медиумски констатации, па споделува се’ поскокотливи и попровокативни фотографии.
На нив жешката Рајна покрај разголеното тело, дискретно додава и „масло на огнот“ со своите постирани коментари од типот:
„Јас сум бура… но ти си тип на луѓе што велат: Го сакам дождот, ама да сум внатре“!
Само убавата Рајна знае дали оваа дискретна порака некому лично му е упатена или е само општа констатација… Но, дали убавицата знае дека за некои „бурата“ е предизвик кој не чекаат да дојде, туку самите му одат во пресрет, зашто… Некои тоа го сакаат „влажно“!?