Ова признание го даде фолк ѕвездата во нејзиното најново видео поставено на ТикТок. Пејачката објаснува дека на фотографија или клип „не можете да ја видите вистинската пејачка“.
„Нема шанси да ја видите омилената пејачка и да кажете: Види, таа изгледа вака. Затоа што таму се е фотошопирано и ретуширано“, открива Ивана.
„Меѓутоа, видеата што ги пуштаме во релно време за време на настап, кога сме на сцена, кога не размислувам дали мојата коса е смачкана, дали сум целата испотена, дали шминката ми се разлила. Тогаш воопшто тие нешта не ни се важни, па затоа тие се вистинските видеа. Тогаш пееш со душа. И се емитува во реално време. Нема како да се стават филтри или маски“, нагласува Ивана.
View this post on Instagram
Пејачката појаснува дека овој коментар го дава и за себе и за некои нејзини колеги кои често се предмет на омраза на социјалните мрежи.
„Па чекајте, нели треба да експериментираме? Да правиме нови фотосесии, а не да застанеме во едно место“, им опонира на негативните постови и коментари бугарската фолк икона, цитирана од „Бугарија денес“.
Фото: Инстаграм принтскрин/ivana_music_bulgaria