Една од најголемите и најпопуларни бугарски фолк ѕвезди, пејачката Преслава доживеа вистински хорор при првото појавување по краткиот одмор кој го мина на Тајланд со сопругот.
На социјалните мрежи се појави шокантно видео од настапот на пејачката на кое јасно се гледа како таа се испружи на сцената. За чудо, Преслава мина без скршеница на ногата при бруталното лизгање и искривување на екстремитетите. Инцидентот се случува во првите минути од нејзиното појавување на сцената. Таа штотуку стапнува на бината и почнува да ја пее пред фановите својата најнова песна „Од утре“, кога ногата и губи контрола на лизгавиот под и пејачката паѓа на земја.
да биде уште пострашно, само сантиметри ја делеа од работ на бината и без малку ќе паднеше од неа, каде што повредите сигурно би били многу поголеми и поболни.
На Преслава и помогна обезбедувањето на локалот, кое веднаш притрча и помогна да стане и да продолжи со настапот, откако самата се уверила дека нема сериозни повреди, само набиеници.
На социјалните мрежи кружи видеото од падот, а во описот пишува дека наводно ова е последица откако пејачката речиси се предозирала со вотка. Сепак, вистината е дека подот бил екстремно лизгав, како што може да се види, што е причина за падот, пишува „Блиц“.
Фото: Инстаграм принтскрин/preslava_official
Видео: Фејсбук/Поп Фолк-News